Образование на возрасни
Верифицирани програми за образование на возрасни во повеќе области.
🏥
Здравство и социјална заштита
8
Негувател/ка на стари и немоќни лица
Стекнување знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во институции или домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност.
Негувател/ка на деца
Оспособување за самостојно планирање, подготвување и организирање на работа со деца, со примена на основните вештини за базична нега, психолошка и социјална поддршка.
Негувател/ка на деца со попречености
Планирање и организирање работа самостојно во домот на детето и/или под надзор на стручно лице во институции, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега.
Негувател/ка на лица со попречености
Оспособување за етичките норми и методи за комуникација со лица со попреченост, давање помош и нега во домашни услови и во институција.
Личен асистент на лица со попречености
Планирање и организирање работа за поддршка на лица со попречености, вклучувајќи психолошка и социјална поддршка во секојдневните активности.
Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
Оспособување за давање помош, поддршка и нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција, како и поддршка на нивните семејства.
Асистент за нега на лица со мултиплекс склероза
Планирање и имплементирање на интегрирани социо-здравствени услуги за подобрување на физичката, емоционалната и социјалната состојба на лицата со мултиплекс склероза.
Палијативен/а негувател/ка на немоќни лица
📊
Економија
2
Службеник во сметководство
260 часаСтекнување знаења, вештини и компетенции за работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство. Програмата вклучува 100 часа теоретска и 150 часа практична обука.
Претприемништво
45 часаРазбирање на основите и принципите на претприемништвото, спроведување истражување, дизајнирање бизнис модел, развој на маркетинг, оперативен и финансиски план.
⚡
Електромашинска струка
2
Монтер и инсталатер на сончеви панели
280 часаОспособување за монтирање и инсталирање на соларни системи и колектори. Програмата вклучува 84 часа теоретска и 168 часа практична обука.
Сервисер на машини за шиење
300 часаСтекнување знаења и вештини за подготовка, прилагодување и сервисирање на машини за шиење со зрнест, ланчен бод и оверлок машини.
🎓
Обучувач на возрасни
1
Обучувач на возрасни
75 часаСтекнување знаења, вештини и компетенции за подготовка, водење и евалуација на обука и сесии. Програмата вклучува 25 часа теоретска, 45 часа практична обука и 5 часа оценување.