Јазични курсеви
Англиски јазик можете да изучувате од основно ниво – А1, А2, средно – B1, B2 и високо ниво – C1, C2. Овој курс ви овозможува непречено и постепено, во мали количини, да научите нов материјал. Курсот се одвива само на англиски јазик, што ви помага побрзо да ја надминете јазичната бариера. Програмата е максимално практично ориентирана — развојот на вештината за комуникација на англиски јазик со што се гради самодоверба кога го користите англискиот јазик во реални ситуации.
По завршување на соодветно ниво слушателите полагаат завршен испит и се стекнуваат со сертификат кој може да го евидентираат во своето CV како документ со кој можат да го продолжат образованието или да се вработат на работни места каде се бара одредено ниво на познавање на јазикот.
Нивоа
Почетно ниво
Основни фрази и изрази за секојдневна комуникација. Разбирање на едноставни текстови.
Основно ниво
Комуникација во рутински ситуации. Опишување на секојдневни активности и околина.
Средно ниво
Самостојно справување во повеќето ситуации при патување. Пишување едноставни поврзани текстови.
Повисоко средно ниво
Течна комуникација со изворни говорители. Јасни и детални текстови за широк спектар теми.
Напредно ниво
Течно и спонтано изразување. Користење на јазикот за академски, професионални и социјални цели.
Високо напредно ниво
Разбирање на практично сè што ќе слушнете или прочитате. Течно и прецизно изразување.
Формати на учење
Во група
Индивидуално
Онлајн
Подготовка за меѓународни испити
Подготовка за полагање меѓународно признати испити: APTIS, FCE, TOEFL, IELTS.
Деловен англиски јазик
Стручни знаења од различни области за потребите на вашиот бизнис.